Сакаш да го разубавиш јавниот простор?
кликни овде!

Што е "Дотерај го Скопје"?

"Дотерај го Скопје" e проект со кој сакаме директно да влијаеме на разубавување на јавниот простор во Скопје. Едноставно е, забележи проблем (напуштен булевар, улица без зеленило, заборавено маалско дворче,  градилиште со грди огради или тараби и сл.) и приклучи се кон кампањата.

Сите ние секојдневно минуваме низ јавен простор кој  може да изгледа многу поубаво со минимална интервенција. Водејќи се од прашањето што ти можеш да направиш за твојата заедница, а не да седиш и чекаш заедницата да го стори тоа за тебе, Јавна соба те повикува да се вклучиш во кампањата за разубавувањето на јавниот простор во Скопје. Стани урбан херој и дотерај го градот!

Кој сè може да  учествува?

Сите  совесни граѓани од градот Скопје, општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир, Гази баба и Кисела вода, без разлика на возраст, пол, верска и сексуална ориентација кои сакаат да сторат нешто корисно за себе , своето  опкружување и градот  Скопје.

  • Чекор 1. Сликни и прати го проблемот во јавен простор, а ние ќе го објавиме. Остави мејл, телефон, име и презиме.
  • Чекор 2. Секоја недела, посетителите на веб страната ќе гласаат за најкритичните проблеми.
  • Чекор 3. На најгласаните 5 ќе им дадеме садници со брзорастечки бршлени кои ќе можат да ги засадат за да го санираат проблемот.
  • Чекор 4. Откако ќе ги засадиш, прати фотка.
  • Чекор 5. Сите урбани херои ќе учествуваат во изложбата на фестивалот "Дотерај го Скопје" Во Јавна Соба – повеќе информации, наскоро.

Фотографиите од ситуацијата пред и потоа, заедно со информации за урбаниот херој – ти, и детали за просторот каде е интервенирано ќе бидат изложени на фестивалот "Дотерај го Скопје" во Јавна соба.

 

 

БИДИ УРБАН ХЕРОЈ!